15.2 C
Prilep
Saturday, April 20, 2024
Home Македонија Прилеп ОПШТИНА ПРИЛЕП: НОВИТЕ АВТОБУСИ НА МЕТАН СЕ НАОЃААТ ВО БЕСПРЕКОРНА СОСТОЈБА

ОПШТИНА ПРИЛЕП: НОВИТЕ АВТОБУСИ НА МЕТАН СЕ НАОЃААТ ВО БЕСПРЕКОРНА СОСТОЈБА

0
1004

Демант на Општина Прилеп и Јавното претпријатие за просторно и урбанистичко планирање (ЈП за ПУП), за лажната вест на одредени портали дека еден од новите автобуси на метан, наводно, се расипал:

Почитувани,

Општина Прилеп и ЈП за ПУП најенергично ги демантираат шпекулативните и клеветнички информации на порталите блиски до опозициската ВМРО-ДПМНЕ, за наводниот дефект на еден од новите автобуси на метан.

Одредени портали се обидоа пробното возење на штотуку пристигнатите автобуси да го злоупотребат и со лажни вести да предизвикаат скандал таму каде што за тоа нема ни најмала причина.

Новите автобуси на метан, кои Општина Прилеп и ЈП за ПУП ги набавија за потребите на градскиот превоз, се наоѓаат во беспрекорна состојба и тие деновиве ќе бидат вклучени во сообраќај.

Впрочем, дека станува збор за најобична клевета на овие портали претставува фактот дека во сабота, 24 август во 11 часот, автобусите ќе бидат поставени на булеварот „Гоце Делчев“ во центарот на градот и ќе бидат промовирани пред граѓаните на општина Прилеп, а со посредство на медиумите и пред пошироката јавност.

Во оваа прилика, ги покануваме претставниците на порталите кои шират лажна вест за наводното расипување на еден од автобусите, да присуствуваат на овој настан и на промотивното возење низ улиците на градот и на тој начин самите да се уверат во исправноста на новите современи и еколошки автобуси на метан.