ОПШТИНА ПРИЛЕП И ФИРМАТА ,,ИНПРИНТ” ЌЕ ДОНИРААТ ЗАШТИТНИ ШТИТОВИ ЗА ЛИЦЕ

0
1005

Општина Прилеп продолжува со своите активности околу изнаоѓање
дополнителни мерки за заштита на граѓаните од коронавирусот. Откако пред
неколку денови почна соработката со неколку компании од градот за изработка на
заштитни маски, од денеска започнува изработка и на штитови за лице, кои
првично ќе бидат наменети за заштита на здравствените работници.