ОПШТИНА ПРИЛЕП ГО ПОДИГНА ВИСОКО РОМСКОТО ЗНАМЕ ПО ПОВОД 8-МИ АПРИЛ, МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА РОМИТЕ

0
986

Традиционално, по повод Меѓународниот ден на Ромите, 8 Април, денеска на јарболот пред зградата на Општина Прилеп, заедно со претседателката на Советот на општина Прилеп, Еленче Ташкоска и членот на општинскиот Совет Адем Мамудоски, го подигнавме ромското знаме.

Граѓаните од ромската етничка заедница се важен чинител како во нашето општество, така и во локалната заедница. Општина Прилеп и јас како градоначалник, ги почитуваме традицијата и културното наследство на Ромите, негувајќи ги хуманоста, еднаквоста и солидарноста, вложувајќи максимални напори за создавање услови за подобар живот на нашите сограѓани од оваа етничка заедница.

Во годината кога се одбележуваат 50 години од првиот Светски ромски конгрес, одржан во 1971 година во Орпингтон во близина на Лондон, со истакнувањето на ромското знаме го потенцираме придонесот и значењето на Ромите во градењето на нашето мултикултурно и мултиетничко општество.

Честитајќи го празникот, на нашите сограѓани од ромската етничка заедница, но и на сите останати граѓани, сакам уште еднаш да им порачам доследно да ги почитуваат мерките и препораките за заштита од ковид-19, со што на најдобар начин ќе го заштитат своето здравје и здравјето на своите најблиски.

Нека е честит 8 Април, Меѓународниот ден на Ромите!
Фејсбук статус на градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски.