ОПШТИНА ПРИЛЕП ГО ОДБЕЛЕЖА РАЃАЊЕТО НА МЕТОДИЈА АНДОНОВ ЧЕНТО

0
1334

Денеска се навршија 116 години од раѓањето на првиот Претседател на
Президиумот на АСНОМ, Методија Андонов – Ченто. По тој повод,
претставници на локалната самоуправа, Советот на Општина Прилеп, Сојузот
на борци, политички партии и здруженија на граѓани, положија цвеќе и се
поклонија пред споменикот на Ченто во центарот на Прилеп, оддавајќи му
почит на заслужниот македонски деец.