ОПШТИНА ОХРИД И АГЕНЦИЈА ЗА МЛАДИ И СПОРТ ЌЕ ГО ОДРЖАТ ОХРИДСКИОТ МАРАТОН

0
405

Градоначалникот Кирил Пецаков донесе одлука годинава да се одржи јубилејното 60-то издание на Охридскиот пливачки маратон кое ќе биде во организација на општина Охрид.

Маратонот ќе биде поддржан и од спонзори, како и од Агенцијата за млади и спорт. По долги години традиција и организација на маратонот од страна на Македонската пливачка федерација, ова ќе биде првпат целата организација да ја прави Општина Охрид.

На овој начин се спасува одржувањето на манифестацијата, бидејќи Федерацијата е со блокирана сметка и не можеше да го организира маратонот.