ОПШТИНА ГАЗИ БАБА : Преку програмата за намалување на аерозагадувањето на Владата заменети прозорите во градинката Темјанушка

0
670

Како сериозна локална власт која работи во интерес на граѓаните овој период додека детските градинки времено се затворени го користиме за реконструкција и подобрување на условите во кои престојуваат нашите дечиња.

Задоволство ми е што денес заедно со заменик министерот за животна средина Јани Макрадули означуваме успешен крај на проектот за замена на прозорите во градинката Темјанушка во Автокоманда. Овој проект е втор кој го реализираме од владината програма за намалување на аерозагадувањето делот за енергетска ефикасност.

Градинката Темјанушка е една од најстарите објекти во нашата општина, каде е потребна нејзина реконструкција. Па така покрај замената на прозорите во оваа градинка, во следниот период ќе следува реконструкција на подот и молерисување на објектот, реконструкција на санитариите, како и уредување на дворот од оваа детска градинка.

Благодарен сум што општина Гази Баба има голема поддршка од Владата за решавање на проблемите во општината и за подобрување на условите за живот на граѓаните. Нашата заедничка соработка продолжува со реализација на другите проекти кои веќе се започнати или планирани.