Општина Гази Баба : Изградбата на градинката во Стајковци се одвиваат со полна пареа, се очекува да биде биде готова до крајот на октомври годинава

0
2068

Градежните активности за изградбата на новата детска градинка во Стајковци се започнати и одлично напредуваат. Оваа градинка која претходно со години на жителите во Стајковци им беше само ветувана конечно станува реалност. 🏫

Новата градинка е на површина од 1230м2, содржи 6 занимални и една група за јасли, а вкупниот капацитет ќе биде повеќе од 140 деца. Им олеснуваме на родителите, кои нема да треба своите деца да ги носат во околните градинки.🏗

Во овој период со проширувањето на детските градинки Морковче и Калника, како и изградбата на новата градинка во Стајковци вкупниот капацитет во детските градинки го 📈 зголемивме за нови 220 деца, со што започнавма сериозно решавање на проблемот со листите за чекање при упис во градинките.