Опожарена викендицата на првиот човек на ВМРО во Прилеп, Петар Ристески

0
1421

Министерството за внатрешни работи предмалку информираше дека вчера околу 22.30 часот примиле пријава дека кај прилепското село Прилепец, на патот кон Градско, избувнал пожар во викенд куќа сопственост на Петар Ристески.

Дел од медиумите објавија дека станува збор за викендица на претседателот на прилепскиот општински комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески, која, според овие медиуми, била запалена.

Инаку, Територијална противпожарна единица го локализирала пожарот половина час по полноќ, а од полицијата велат дека нема повредени и дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.