ОПЕРАЦИЈА “ПРЕВЗЕМАЊЕ” И ГРУЈОФИЦИРАЊЕ : Хроника за тоа како Груевски ја превзема Канал 5 во служба на режимот од ВМРО-ДПМНЕ!

0
4070

Телевизијата на фамилијата Стојменови тв канал 5 речиси во целиот мандат на режимот на Груевски заедно со тв Сител беа ударната медиумска алатка за перење на мозокот на граѓаните и фалење на се што правеше Груевски и се разбира на бранење и необјавување на се што не одеше во прилог на неговото владеење.

Груевски веднаш штом седна на премиерската фотеља во пи ар стратегијата која мора да се признае дека беше беспрекорна си зацртал освојување на националните телевизии. Сител и А1 ги имаше од старт остана само тв канал 5 и нетрпеливоста на фамилијата Стојменови кон Груевски бидејки тој седна на министерското столче во финансии во владата на Георгиевски кој реши да го смени Борис Стојменов.

Но Груевски станува премиер и Стојменови и покрај анимозитетот бараат начин да му се приближат.grujo-stojmenov

Груевски пресметува дека е добро покрај другите две национални за своја пропаганда да ја има и третата со што практично би и ги направил недостапни на опозицијата главните телевизии. Операцијата “преземање“ на телевизијата се случува во моментот кога Груевски преку решение за притвор на Емил Стојменов обвинет за фалсификат во наводен кредит кој вработените на поранешната стоковна куќа Беко го зеле од штедилницата БС на Стојменови.

Вработените откако сватиле дека се изиграни со фалсификат во висината на сумата на кредитот претходно неколку години водат судски процес за да докажат дека во висината на кредитот е додадена една нула и дека со фалсификат штедилницата на Стојменови заради неможност да плакаат рати им ја зема стоковната куќа.

Претходните власти најверојатно им намигнувале на судиите но со доаѓањето на Груевски кривичната пријава се активира и според изворите на ДоказМ процесот стасува до фаза одредување притвор за Емил Стојменов како осомничен за фалсификатот во висината на кредитот.

Емил заминува веднаш на наводно лекување во Германија заради кардиолошки проблеми а во Скопје започнува дилот- Груевски да ја добие под негова капа тв канал5 а за возврат одредениот притвор за Емил да не биде реализиран а кривичната пријава да заврши во фиока.

Откако дилот е направен Емил се враќа од Германија и во јавноста е пуштена гласина дека таму во некоја кардиолошка клиника му биле вградени повеќе стентови а всушност тој таму чекал да се среди работата односно тие на Груевски телевизијата тој за возврат телефонска наредба во судот притворот да биде заборавен.

По ова започнува суптилна смена на уредничкиот тим за да биде донесен новинарски кадар кој ке биде под целосна контрола на Мартин Протоѓер,кој буквално со години дури и ќе ги реди вестите според желбите и потребите на власта. Канал5 во сите години на режимот е дел од него а во еден период и Борис Стојменов добива од Груевски и пратенички мандат и покрај тоа што меѓу двајцата има анимозитет но превагнува бракот од интерес.

Сега Стојменови се пред ново искушение- Груевски е минато на власт доаѓа Заев и првите чекори да му се доближат на идниот премиер Стојменови веќе го прават. Нај лесно да се доближат е преку телевизијата. Изборот дали ке им се заборави експресно дека и Канал5 односно нејзиниот газда беше дел од режимот и заработуваше од него е на новата влада и идниот премиер Зоран Заев.

Прв дел, вториот дел наскоро на ,,Доказ” и ,,Народен Глас“.