ОПААААА, ЗИЈАДИН СЕЛА ЈА ОТКАЧИ ДПА ОД КОАЛИЦИЈА СО ГРУЈО : Градоначалникот на Струга, Зијадин Села, денеска ја раскина коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ

0
1158

Градоначалникот на Струга, Зијадин Села, денеска ја раскина коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ, која на локално ниво функционираше две години.

Sela31-540x360

Причина за ова е што советниците од ВМРО-ДПМНЕ најавиле дека нема да гласаат за одлуката на Советот на општината за доделување 600.000 денари помош за граѓаните на Куманово чии домови биле оштетени пред три недели.

Советниците од ВМРО-ДПМНЕ велат дека не ја поддржуваат оваа иницијатива, бидејќи со одлуката не се опфатени семејствата на припадниците на македонските безбедносни сили кои настрадаа во акцијата што беше  спроведена во Куманово.

-Ние сакавме да потврдиме дека сме хумани, но тие не ја поддржуваат точката на дневен ред за доделување средства за луѓето кои имаат потреба од помош и чиишто куќи се срушени. Затоа денеска ја раскинуваме коалицијата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДПА, – изјави Абдула Ќазимоски, претседавач на советот на општина Струга.

Извор : Фокус