ОПАААААА, ЕВЕ ЗОШТО МИЦКО МАТЕМАТИЧАРОТ НЕ ГО ОСУДИ НАСИЛСТВОТО : И Мицкоски бил во толпата која влезе во собрание на 27-ми април!!!

0
1489

Оваа фотографија покажува дека пред вратите на Собранието, на 27-ми април, бил и Христијан Мицкоски, актуелен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, рече Михаела Иванова од СДММ.

– Јасно се гледа дека Мицкоски ја минал заштитната ограда и се наоѓа непосредно пред влезната врата на Собранието. Мицкоски бил во толпата на денот кога беа нападнати пратеници, новинари и вработени, кога беа загрозени нивните животи и уставниот поредок на Република Македонија. Која била улогата на Мицкоски за време на крвавиот четврток? Дали Мицкоски координирал некои од лицата кои влегоа во Собранието? Дали Мицкоски вака ги сфаќа демократијата и владеењето на правото?Дали е ова новата визија или стариот начин на дејствување на ВМРО-ДПМНЕ – праша Иванова.

СДММ бара Мицкоски  да  и одговори на јавноста, бидејќи граѓаните мора да ја дознаат неговата улога во најтрагичниот настан во поновата историјата на демократијата во Македонија.