ОО СДСМ Штип: Тодоров е најголемиот штетник во здравството

0
1101

Најголемиот штетник во историјата на здравството, човекот поради кого од неговите тендер политики има жртви, Никола Тодоров повторно, без срам се појавува овој пат во Штип, реагира ОО СДСМ Штип по денешниот увид во градежните работи за изградба на болница во Штип, на министерот за здравство Никола Тодоров.

„За Никола Тодоров грижата за здравјето на граѓаните се само празни зборови.  10 години предизборни, лажни и празни ветувања за Клиничка болница Штип. Во секое предизборно ветување на Тодоров или Груевски, штипјани се излажани дека ќе добијат Клиничка болница. Да потсетиме. Клиничката болница ја најавија во 2011, па ја пренајавија за 2013. На крајот на 2013, рекоа ќе биде во 2014. На изборите во 2014, ја ветија за октомври 2015. Сега сме 2016 а Штип се уште нема нова Клиничка болница. Не поминуваат лагите на Никола Тодоров. Додека тој врши таканаречен увид во градежните работи, пациентите и натаму се лекуваат во мизерни и крајно недостоинствени услови. Реалната состојба во којашто се наоѓа Клиничката болница во Штип го демантираат Тодоров. Во таа реалност, пациентите коишто боледуваат од малигни заболувања, како и дијабетичарите, постојано се соочуваат со недостиг на лекови коишто се неопходни за нивниот живот. Затоа, крајно лицемерно и безобразно е токму Тодоров да зборува за било каква инвестиција или реформа во здравството. Наместо да ги решава здравствените проблеми со што директно се загрозува животот на граѓаните, Никола Тодоров се грижи исклучиво за свои тендер политики и бизнис интереси. Затоа одговорост ќе има. И Никола Груевски и Никола Тодоров ќе сносат одговорност и ќе ја платат цената пред граѓаните за сите жртви на нивните криминални политики“, се наведува во реакцијата на ОО СДСМ Штип.