ОО СДСМ СТРУМИЦА : СДСМ ИМА ПЛАН И РЕШЕНИЈА ЗА ДА СЕ СПРАВИ СО СИТЕ ПРЕДИЗВИЦИ КОИ СЕ ИСПРАВЕНИ ПРЕД ГРАЃАНИТЕ И ДРЖАВАТА!

0
657

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

Во просториите на Дом на АРМ во Струмица со почеток во 19 часот се одржа трибина на тема „СДСМ има план и решенија за да се справи со сите предизвици кои се исправени пред граѓаните и државата!“.

Говорници на трибината беа: Борче Цветков, Претседател на ОО СДСМ Струмица, Јованка Тренчевска, Министерка за труд и социјална политика и Љубица Спасова, Пратеничка во Собрание на Република Северна Македонија.

Клучни поенти од обраќањата пред присутните на трибината:

Борче Цветков:

Во овие 31 година од осамостојувањето до денес, ниту една претходна Влада не успеала да ги извади на површина најклучните, најжешките и најважните прашања и проблеми кои се од суштинско значење за опстојот и прогресот на нашата земја. Сите поранешни владини гарнитури, тие прашања ги ставаа под тепих, бидејќи, во недостаток на храброст и државнички идеи, поважен им бил сопствениот, од интересот на татковината и граѓаните.

Во период од само пет години, како резултат на мудрото владеење, решен е долгогодишниот спор со Грција околу името, задржувајќи го притоа зборот Македонија, но и сите нешта кои го сочинуваат нашиот идентитет и посебност, нашава земја стана 30-та земја членка на НАТО, а неодамна е признаена и автокефалноста на нашата Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Со овие три огромни подвизи нашите повеќегодишни соништа, но и на цели генерации Македонци, станаа јаве.

Горд сум што сум претседател на една од општинските организации на СДСМ во државата, и тоа не на која било, туку  токму на таа од градот – бастион на македонската социјалдемократија.

Љубица Спасова:

Социјалдемократските политики даваат резултати, со кои треба да бидеме сите горди.

Преку ребалансот на Буџетот кој го утврди Владата, обезбедуваме нови 500 милиони денари во Интервентниот фонд.

Иако има светска економска криза, субвенциите се исплаќаат навремено.

 Континуирано работиме на намалување на невработеноста, која во првиот квартал од оваа година се намали на 14,8%.

 Во време на светска, преку инклузивен процес со синдикатите и работодавците, успеавме да ја зголемиме минималната плата на 18.000 денари или 300 евра.

Го остваривме и ветувањето за просечна плата од 500 евра. Денес, просечната плата изнесува 31.080 денари.

 Во делот на инфраструктура, Владата на СДСМ вложи над една милијарда евра за изградба и реконструкција на над 1.000км патна инфраструктура.

 Во завршни проекти значајни за општина Струмица се: рехабилитација на регионалниот пат Берово – Струмица во должина од 15км, рехабилитција на А4 Струмица – Ново Село во должина од 13км, рехабилитација на А4 Радовиш – Струмица и патот Василево – Добрејци во вкупна должина од 5,5 км, рехабилитација на влезот на Струмица кон Добрејци, санација на свлечиште на пат Струмица – Граничен премин со Бугарија, како и реконструкција на патниот правец Банско – Колешино.

Не застануваме тука, ќе продолжиме со нова градежна офанзива за да поврзат сите делови на државата.

Јованка Тренчевска:

СДСМ е партија која е секогаш на страната на граѓаните!

Владата има план и се справува со сите предизвици кои стојат пред државата со корисни политики со кои се овозможува зголемувањето на платите и пензиите, мерки кои влијаат на стандардот и на семејните буџети. Го цениме и го вреднуваме трудот на работниците. Преку социјален дијалог успавме да ги зголемиме платите во образованието и детска заштита. 47.000 деца земат детски додаток, а околу 30000 ученици образовен додаток. 69 градинки отворивме од 2017до сега, а 25 се во градба и ќе бидат отворени до крајот на 2022 и во 2023 година.

Оваа влада го направи најхуманото нешто што може да го направи една држава која се грижи за иднината на сите граѓани, а тоа е процесот на деинституционализација. Преку овој процес сите деца под 18 години сместени во гломазните институции  се преселени во мали групни домови, каде што атмосферата е приближна на домашната.

Среќните и насмеани деца е повеќе од доволно за нас како влада, да кажеме дека сме успеале во нашата цел, праведно и еднакво општество. Едно општество за сите!