ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп : Срамна и небулозна е појавата во јавност на пратеничката Кети Смилеска од СДСМ Прилеп

0
1338

Срамнa и небулозна е секоја појава во јавност на пратеничката од СДСМ Прилеп, Кети Смилеска.

Наместо да се прибере во партискиот штаб и сериозно да разговара со нејзините партиски колеги за тоа што сите денеска го слушнаа, пратеничката Смилеска се појави со 5 реченици текст пред ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп и изнесе еден куп манипулации и лаги.

Ја советуваме пратеничката да побара одговорност од претседателот на општинскиот огранок на СДСМ, Миле Талески и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, кои како што слушнавме од снимнката на Интернет, ги врбувале нововработените во здравството во Прилеп да трчаат за партијата и ги условувале со давање на решенија за постојано вработување.

Наместо одговори за сега веќе очигледната партиска спрега во институциите и вршењето притисок врз вработените, Смилеска избра да се бламира во јавноста со текст во траење од една минута.

Неможноста со работа да ги покријат предавствата за промена на државното име, двојазичноста и распродавањето на националните интереси, за кои патем гласаше и Смилеска во Собранието, резултира со вакво бедно издание.

Очигледна е нервозата која владее во вашите редови, а има и зошто! Македонија ја доведовте на работ од егзистенција, граѓаните едвај крпат крај со крај, не реализиравте ништо со фамозните ветувања за нов живот, а лагите се редат до недоглед.

Токму затоа, почитувана пратеничке, вие се криете и ви е срам да прошетате низ прилепската чаршија. Токму затоа се служите со вакви лаги, измислици и манипулации. На целата јавност и е кристално јасно дека вашата партија и вашите функционери се длабоко закопани во криминал и корупција, а на врвот од криминалниот октопод се наоѓа премиерот Зоран Заев.

Како што дојдовте, така ќе си одите!