ОД СТРАНА НА КАНДИДАТИТЕ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ ЗА ОПШТИНА КАРПОШ ПОТПИШАН КОДЕКС ЗА ФЕР И ДЕМОКРАТСКИ ИЗБОРИ

0
1012

Денес, 24.09.2021, среда во Кинотека на Македонија кандидатите за градоначалници на Општина Карпош, Душко Весковски – СДСМ и коалицијата „Најдоброто за мојата општина“,  Васко Костов – МАКЕДОНСКА ЕРА ТРЕТА, Дарко Ристовски – Левица, Христа Најдов – Движење ОДЛУЧНО ЗА ПРОМЕНИ и Стевчо Јакимовски – ГРОМ го потпишаа кодексот за фер и демократски избори.

Кандидатот за градоначалник на ВМРО – ДПМНЕ, Оливер Зафировски, кој од оправдани и неодложни причини не беше во можност да присуствува на потпишувањето, целосно го поддржува овој кодекс и се обврзува на почитување на обврските кои произлегуваат од истиот.

Со потпишување на овој кодекс, кандидатите за градоначалници на Општина Карпош се обврзуваат за спроведување на фер и демократски избори, со почитување на  принципите на демократијата и доброто владееење за демократски развој на општеството.

„Со потпишување на овој кодекс за спроведување на фер и демократски избори, заедно со кандидатите за градоначалници од другите партии, се обврзавме за одржување на кампањи и локални избори со почитување на сите закони, правила и прописи релевантни за изборите,  без притисоци и без говор на омраза, во позитивна атмосфера“ – изјави Душко Весковски, генерален директор на ЈП Водовод и канализација – Скопје и кандидат за градоначалник на Општина Карпош од СДСМ и коалицијата.