Од разголен ПАСТИР, Аце Велики не бидува

0
1333

Сакам нејќум, го ислушав Пастирот, шо има да им порача на домобраните, што дојдоа на неговиот митинг за да го ПОДДРЖЕЛЕ. Со сиот респект на правото на избор и слобода каде кој ќе протестира и за што, сепак неговиот, бар според мене веќе познат говор полн со омраза, закани, плукања по неистомислениците, некако ко да не ги запали неговите вмровци, ако беа тоа, или пак само следбеници на неговата препородба која само тие ја гледаат.

aco-kabranov

Нормално кадарот ист, во првите редови, ако не видов некоја стара слика на интернет, мама беше тука, батето нормално, а и Гордаништето не фалеше. Неисе, знам дека нема да им се бендиса не преродбениците, ама ПАСТИРОТ им е, ем досаден, ем гроги. Вергла едно исто, предавници, странски служби, марионетски влади, креирани и лепени аудио снимки, такви некои глупости, кои немаат врска со суштината – што ќе направи тој, освен што се заканува и не го дава премиерскиот кабинет, небаре му е наследство од татко му, што заборавил да го пријави во анкетниот лист.

Којзнае, може не знаеме, а што ако и Илинденска број 2 е прокнижена на сметката во фирмата во Белизе. Кај парцелите, парите, таму и кабинетот. Ја мислам има пастирот ИЗЛЕЗ, влада ви егзил во Белизе. Од таму ќе им праќа кешарица на неговите домобрани.

Туку, тоа говорниците на СИЛНАТА Македонија на Пастирот, некако изборот ТЕНОК, а што мислите вие. Домобранката Ачковска, па божемскиот синдикалец Дојчин кој секому му кажува што сака да слушне, зависно кому му беседи, и како шлаг на тортата Стевчо Громаџијата. Супер екипа за вбризгување елан за нови и нови ПОБЕДИ на чело со семоќниот и незаменлив пастир. Е тука, кога е Стевчо имам доплнување, он без негов Гиша ( Драгиша Милетиќ) некако не иде, не пали маса.

Целата колумна може да ја прочитате ОВДЕ