Од забеганите ВМРО-вски талибанци поодвратни ми се само опозициските арогантни елитисти со мали мозочиња…

0
1701

Сите ја знаеме приказната за забеганите гревчиња на Грујо. Таа смешна жална банда морони кои се невидени гревчиња, за нив пишуваме 24/7, 365 дена, 10 години по ред, без престан!

Сега сакам малку да се навратам на оние во нашите редови, едни многу интересни човечиња, кои стално ми идат на живци со години. Тоа се оние елитистички пичкетини со мали мозочиња кои се нешто филозофираат и серат и држат лекции како да се тера битката со режимот.

Профилот на овие луѓе е многу интересен: нивната битка со ВМРО ДПМНЕ е на база на омраза кон руралното и простото, тие го презираат ДПМНЕ поради конекциите на оваа партија со селаните, руралните средини, толеранцијата на фановите на ДПМНЕ на турбо фолк, патриотизам, скромноста…

Исто така, речиси сите овие луѓе имаат натрупано голем капитал во времето на комунизмот и пред комунизмот, деца се на деца на големи чорбаџии уште од Турско и Српско и Бугарско време, а потоа во комунизмот нивните татковци или тие самите биле големи функционери, судии, директори, кметови итн итн…

Поради таа своја лоза, овие луѓе имаа неброени станови по Скопје и земјата, дуќани, хектари земја, големи заштеди, вили во Маврово, Матка, Марков Манастир, Охрид, Дојран, Шапка, Тиквеш, Ресен…

Поради сето тоа, и големата мрежа на роднини и пријатели низ целата држава во сите пори на општеството, овие луѓе речиси и да не го чувствуваат режимот на ВМРО ДПМНЕ на своја кожа. Тие сеуште летуваат два пати годишно во Грција и Турција, тераат цел месец одмор во Охрид и Дојран и Ресен, зиме скијаат цел месец на Шапка и Марврово, сеуште возат џипови, коли, се шират низ станови по Скопје и земјава, се гостат по ресторани, прават семејни гозби, праќаат деца на студии по САД и ЕУ, ги хараат трговските центри по Скопје и Солун…

Овие луѓе поради сето тоа немаат стрес, имаат само негодување за забегувањето на режимот и си ја држат онаа омраза кон сељачизмот на ДПМНЕ, но генерално не се под стрес, не гладувале, не биле со еден кубик сметки на маса и чудење како ќе ги платат, не биле забутани во шупа во Скопје со влага и стар мебел, не биле на работа на градежно градилиште или келнери или во конфекција, не останале без работа поради одмаздата на режимот, не биле тепани, газени, апсени, тужени, затоа тие се генерално во добра ментална кондиција, нахранети, наспиени, во нова облека, со манири и свежо намирисани со нови парфеми во нови колички…

За тоа време ние гураме канти произведени пред 20 години, гладуваме, смрдиме од стрес и немаштија, гинеме на фронтот и затоа пиздиме и врескаме и тераме се у пичку матер, од Грујо па се до жена му на Влатче Ѓорчев…

И што се случува сега, ние, обичниот народ, сега сме тепани од двете групи – јадеме ќотек и од лудаците од ДПМНЕ но и од овие наши елитисти кои цело време ни држат лекции како не сме биле на нивото, сме биле гласни, вулгарни, нервозни, без стил, без ниво, не сме биле начитани, не сме биле галантни итн итн итн…

Јас деновиве сум под невиден МАСАКАР и НАПАД на разни регулаторни тела, новинарски асоцијации, екс и сегашни новинари како тоа сум бил нервозен и жесток, не сум ги почитувал правилата на играта, не сум бил фин дечко…

Ќе ви раскажам една случка пред еден месец. Со жена ми бевме на еден ден и една ноќ во Охрид, само толку можевме да си го дозволиме. Дури и тоа не можевме да си го дозволиме, па тоа беше организирано како компензација од еден наш спонзор кој не смее да се рекламира на Мактел но се реши да помогне и да донира едно ноќевање за моето семејство.

Додека јас се малтретирав да го изведам тоа и некако да обезбедам пари за гориво за да отидам во Охрид, во истиот хотел ги затеков на богата софра уредниците на многу опозициски медиуми кои сега ми држат лекции за мојот стил. Кога се поздравив со нив и им кажав дека сум само на еден ден и една ноќ во Охрид сите се шокираа, не можеа да разберат како ми се исплаќало да возам 4 саата во еден правец и 4 саата во друг правец само за еден ден. Ако само знаеја дека во колата немам клима…

Еден од нив беше мојот колега кој многу го почитувам, Борјан. Сигурен сум дека тој летово ќе летува 3 пати во Грција и Турција по една недела, и сигурно ќе помине во Охрид и Ресен над еден месец кумулативно, ако се собере се. Тој никогаш нема да може да ги разбере активистите и новинарите кои не се толку среќи како него да имаат толку удобен живот а да се во конфликт со режимот.

Тој жестоко ме нападна за мојот коментар за смртта на режимското куче, Димитар Мирчев.

Сега сум под жесток напад на новинарката Емилија Лазаревска. Таа исто така самата призна дека еден месец поминала во Охрид, сигурен сум дека има таму стан или вила. Сигурен сум и дека ќе оди барем еднаш во Грција, Турција и ќе спичка минимум 1000е на гиро, коктелчиња, јаготчиња со шлаг и чоколадо и сладолед… Тоа многу помага да се биде фин со Груевци…

Овие луѓе не разбираат како е да си во битка со режимот а да немаш падобран, трескањето на земја откако Грујо ќе те фрли од авион многу боли, особено за твоите блиски од семејството.

Овие елитистичи пички никогаш нема да ја разберат нашата жестина бес и енергија! Нивните мали мозочиња ги мешаат бесот, вулгарноста и жестината со гадоста на расизмот, курвањето и криминалитетот на Ивона, Миленко, Латас, Јанко и останатата банда.

Ви велам, мене овие смешни елитистички кловнови ми личат на некакви смешни комични актери во некој филм на Белини или пак актери од Монти Пајтон во филмска сцена во која Евреи чекаат на ред за туширање во Аушвиц и притоа ги поздравуваат СС офицерите и чуварите со сиот бон тон дијапазон, со благо поклонување, фер однос, коментари за времето, дали ќе врне вечерта во реонот на конц логорот…

Саше Ивановски, уредник на порталот Мактел