ОД ДЕНЕСКА СЕ РЕКОНСТРУИРА УШТЕ ЕДНА ДЕЛНИЦА ОД УЛИЦАТА БЛАГОЈА СТЕФКОВСКИ, ВО ГАЗИ БАБА

0
710
На улицата Благоја Стефковски во Општина Гази Баба од денеска се изведуваат градежни работи за обнова на нејзиниот коловоз.
Оваа втора фаза од реконструкцијата на улицата Благоја Стефковски ќе го опфати потегот од свртувањето кон улицата Перо Наков до Кино „Маџари“, во должина од околу 850 метри.
– Минатата година, во првата фаза, го реконструиравме потегот од Триангла до свртувањето кон улицата Перо Наков. По завршувањето на втората фаза ќе започнеме со реализација и на третата фаза од реконструкцијата на оваа улица која е предвидено да биде на потегот од Кино „Маџари“ до пругата Скопје – Белград, со што главната улица која ги поврзува населбите Маџари и Ченто ќе биде целосно реконструирана – рече денеска градоначалникот Петре Шилегов.