ОД ДЕНЕСКА СЕ ВРАЌААТ НОЌНИТЕ ЛИНИИ НА АВТОБУСИТЕ НА ЈСП „СКОПЈЕ“

0
953

За ноќните линии не важат месечните билети, бесплатните студентски и средношколски билети.(Фото: СДК.МК)

Се враќаат ноќните линиите на автобусите на ЈСП „Скопје“ кои беа укинати поради пандемијата на коронавирусот.

Автобуси после 23 часот ќе има на линиите 2, 5, 7, 22, 24, 41, 50, 57, 61, 63 и 65Б. Автобуските линии 2, 22, 24, 41, 57 и 65Б, ќе сообраќаат секој ден, а преостанатите ќе бидат во функција во деновите од викендот или комбинирано, како и за време на празниците.

Од ЈСП „Скопје“ велат дека за ноќните линии не важат месечните билети, бесплатните студентски и средношколски билети, односно постои билет за т.н. ноќна тарифа кој може да се валидира преку електронски паричник и чини 40 денари. Во случајов, како билет за ноќна линија може да се користи и хартиениот билетот за едно возење кој чини 50 денари, а постои и месечен ноќен билет кој чини 400 денари и важи во ноќна тарифа на сите линии градски и приградски„, велат од ЈСП „Скопје“.

Од Град Скопје велат дека воведувањето на ноќни линии е почеток на промените за подобар јавен градски превоз.
Извор : СДК.МК