ОД БИХАЌКА ЛИДЕРОТ НА ВМРО-ДПМНЕ ГО НАПРАВИЈА ЛОМ – СТЕФАН ВАСЕВ : ПОЛИТИЧКИОТ ПИРОМАН МИЦКОСКИ ЗАСТАНА ПРОТИВ МЕРКИТЕ, ТОЈ Е ОПАСНОСТ ПО ЗДРАВЈЕ

0
1100

Изјава за медиуми, Стефан Васев од СДСМ

Почитувани,
 
Наместо да повика на строго почитување на новите мерки за заштита на граѓаните и на масовна имунизација, политичкиот пироман Христијан Мицкоски застанува против мерките, на штета на најважното-здравјето на луѓето.
Не се памети волку деструктивно, штетно делување на некоја опозиција, како ова што го прави Мицкоски и неговата ВМРО-ДПМНЕ.
Од самиот почеток на ковид кризата, Мицкоски прави се да го поткопа здравствениот систем, да поттикне непочитување на мерките.
Граѓаните ги паметеат сите лаги на Мицкоски дека нема доволно тестови, дека нема опрема, дека немаме капацитет да се справиме со вирусот.
Сето ова додека го гледавме на слики по кафеани и теретани.
Сега се пласираат нови невистини за мерките.
Буквално сите свои фрустрации Мицкоски ги истура врз граѓаните, врз институциите, врз државата.
Со своето деструктивност и неодговорност Христијан Мицкоски претставува најголема опасност по здравјето на граѓаните.
Растечкиот број случаи на новозаразени од Ковид 19 повикуваат на одговорност и разум од секој поединец, а кај Мицкоски ги нема ниту едното ниту другото.
Затоа Мицкоски останува политички и медицински пироман.
Почитувани граѓани,
Исклучително е важно почитување на мерките и што повеќе граѓани да се вакцинираат во овој период. Не наседнувајте на лажните информации кои ги пласираат неодговорни политичари.
Вакцините се најефикасната алатка за справување со пандемијата. Тие штитат од сите форми на вирусот а мерките се нужни за заштита на граѓаните и колективното здравје. Затоа и се применуваат во многу други земји од светот.