Најбогатиот човек на светот, сопственикот на Амазон, Џеф Безос објави дека се разведува од сопругата Мекензи Безос.
Џеф Безос , чие богатство е проценето на 140 милијарди долари , самиопт на Твитер објави дека се разведува.
„Како што знаат сите наши членови на семејството и пријателите, по долг период на љубовно истражување и пробна разделеност, решивме да се разделиме и да ги продолжиме нашите животи како пријатели. И да знаевме дека ќе се разведеме по 25 години , сепак ќе се венчавме.” , се наведува во објавата на Безос.
— Jeff Bezos (@JeffBezos) January 9, 2019
Се претпоставува дека Џеф и Мекензи поседуваат најмногу земјиште од сите во САД , а тој е најбогат човек во историјата, чие богатство и натаму се зголемува.
Тие само во САД имаат пет куќи кои ги користат за да живеат во нив. Поседуваат и големи имоти , куќи за одмор , згради , па дури и музеј за текстил во близина на Вашингтон.
Имаат четири деца, три биолошки сина и една ќерка посвоена од Кина. Освен тоа Безос е сопственик и на дневниот весник Вашингтон Пост.