ОГРОМНО БРАВО ЗА ОХРИДСКИТЕ ХЕРОИ ЗА ВРЕМЕ НА ПАНДЕМИЈАТА, ДАВААТ ОГРОМНА НАДЕЖ ДЕКА ЌЕ НЕ БИДЕ : Охридска пекара дава бесплатен леб и пециво за сите кои имаат потреба од помош

0
1155

Бесплатен леб и пециво за сите кои имаат потреба од помош. Соопштението објавено на излогот од позната охридска пекара ги стопли срцата на охриѓани. Гестот да им се помогне со храна на социјално ранливите во тешката корона криза е непроценлив, велат граѓаните.

Вработените од пекарата велат со оглед на се поголемиот број на семејства погодени од корона кризата кои живеат на раб на егзистенција, се одлучиле на ваков гест. Важно е велат никој да не остане гладен. Но за жал, информираат дека секојдневно се поголем е бројот на граѓани кои немаат ниту за леб.

Инаку од почетокот на пандемијата голем е бројот на граѓани кои останаа без плата и без работните места. Најпогодена гранка во туристичкиот центар е угостителството.