АЦО ЦИА, УРЕДНИКОТ НА „ИНФОМАКС“ ДОБИ 6 МЕСЕЦИ УСЛОВНА КАЗНА ЗАТВОР ЗА ОБЈАВУВАЊЕ НА ЗАПИСНИКОТ ОД КРИВИЧНАТА НА КАМЧЕВ ЗА „РЕКЕТ“

0
1054

Kазна затвор од шест месеци, која нема да се изврши ако во наредните две години не стори кривично дело, доби уредникот на порталот „Инфомакс“, Александар Митовски.

Пресудата беше изречена денеска во Основниот кривичен суд во Скопје.

Обвинителниот предлог за Митовски беше поднесен во септември лани за делото оддавање службена тајна откако тој на порталот објави дел од записникот за кривичната пријава која ја поднесе Орце Камчев за случајот „Рекет“.

„Обвинетиот на 23 август, преку интернет-порталот www.infomax.mk, на јавноста ѝ ги сторил достапни податоците што претставуваат службена тајна. Имено, тој ја објавил првата страница од записник за примање кривична пријава од едно лице заведен во Основното јавно обвинителство за гонење на организираниот криминал и корупција“, наведоа тогаш од Обвинителството.