ОВОЈ РЕЖИМСКИ ЛЕШПЕР СО АФЕРАТА ,,750.000 ВО ШИШЕ” КОНЕЧНО ГО СТИГНА ПРАВДАТА : ИСТРАГАТА ЗА ,,МПМ” Е ЗАВРШЕНА, СРЃАН КЕРИМ ОСОМНИЧЕН ЗА ТРИ КРИВИЧНИ ДЕЛА

0
11310

Кривичната истрага којашто со години наназад се водеше за сопствениците на „Медиа Принт Македонија“ е завршена!

Како што дознава „ПРАВОСУДСТВО“, истрагата финиширала некаде кон крајот на минатиот месец, а некогашниот сосопственик и директор на „МПМ“, Срѓан Керим, се сомничи за три кривични дела.

Имено, нашите сознанија говорат дека Керим од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) е осомничен за сторена „Злоупотреба на службена положба и овластување“, согласно член 353 од Кривичниот законик, за „Оштетување или повластување на доверители“ од член 257 став 3 од КЗ и за „Намерно предизвикување на стечај“!

Наведените кривични дела говорат во прилог на тоа дека вработените во „Медиа Принт Македонија“, односно дека неколкуте стотици новинари и техничкиот персонал од сега згаснатите дневни весници „Утрински весник“, „Вест“ и „Дневник“ и од неделникот „Теа Модерна“, биле во право кога тврдеа дека згаснувањето на фирмата се прави на незаконски начин, а се со цел сопствениците да избегнат исплата на долгувањата коишто менаџментот го има кон нив.

Времето до поднесување на обвинение за Срѓан Керим, но и за Јордан (Орце) Камчев и за Јана Станисављева е кратко и според некои предвидувања тоа може да се случи најдоцна до крајот на овој месец.

Случајот на „МПМ“ беше отворен кратко време по завршувањето на штрајкот на вработените, но предистрагата за криминалите во фирмата започнаа уште на 17. февруари кога и започна штрајкот. Тој ден, во просториите на „Медиа Принт Македонија“ влегоа истражители на тогашното Специјално јавно обвинителство (СЈО) со цел да утврдат како дошло до тоа фирмата да ја финансира изборната кампања на ВМРО-ДПМНЕ со 300.000 евра, а нема пари за да продолжи со работа.

Извор, линк и повеќе за оваа објава на www.pravosudstvo.mk ОВДЕ