ОВОЈ РЕЖИМОТ НА ЗАЕВ ЕПТЕН СЕ ПРЕТЕРА: НАД 10 ВЛАДИНИ БАНЕРИ НА ПОРТАЛОТ НА СУЕТНИОТ НОВИНАР КОЈ 5 ГОДИНИ ЈА РУШИ ВЛАДАТА СО ИЗМИСЛЕНИ АФЕРИ И ЛАЖНИ ВЕСТИ!

0
937

И режимот на Заев навистина се претера со својат суровост и крволочност кон демократијата и медиумите.

Во моментов на порталот Плусинфо одат над 10-на владини банери односно банери на кои стои логото на владата или на некое владино министерство или пак некоја државна институција.

Банери за безбедност у сообраќај, банери за попис, банери за откријте ја земјата туристички, банери за разни културни манифестации кои ги организираат државни институции, и што е најинтересно, овие банери ги има само кај Геро, и речиси никаде на друго место, значи не само што Плусинфо е дел од тие кампањи, туку Плусинфо има предност пред другите портали?!?! Брееј режимот на Заев се претера…

Очигледно е дека на БИХАЧКА ни малку не се помачиле да влијаат каде ќе се пласираат банерите во кои учество имаат и владини институции. Да беше така, ниту еден владин банер немаше да се најде на порталот на суетниот новинар кој 5 години ја руши власта, демократски чин и демократско право секако…

Но да се тврди дека СДСМ е режим а дека Заев е диктатор и да имаш над 10 владини кампањи на Плусинфо кој е новиот Курир, тоа е смешно…