ОВОЈ ПА ЦЕЛО ВРЕМЕ БАРА ЛИДЕРСКИ СРЕДБИ И ЦЕЛО ВРЕМЕ ГИ ОДБИВА СО РАЗНИ ИЗГОВОРИ – МИЦКОСКИ ПРИФАЌА ЛИДЕРСКА СРЕДБА, НО НЕ ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ

0
451

ВМРО-ДПМНЕ ќе прифати лидерска средба доколку на неа се разговара за актуелните проблеми на граѓаните, а не за промена на Уставот, за што партискиот став е непроменет дека под овие околности нема уставни измени, изјави денеска претседателот на партијата Христијан Мицкоски.

– Покана се уште немаме добиено, не го знаеме форматот на таа лидерска средба, не ја знаеме содржината и темите на кои што би се разговарало, но мојот совет до Владата и до Ковачевски би било доколку се случи таа лидерска средба, да разговараме за она што е навистина голем проблем за граѓаните, а тоа е тешкиот живот, економската состојба на граѓаните, ниските плати и пензии, високата инфлација, потенцијалната енергетска криза…

Тоа се оние суштински теми кои според мерењата на јавното мислење и како одговорни политичари треба да разговараме за надминување на тие проблеми. Ако некој мисли дека ќе наметне теми кои што поларизираат, како што е промена на Уставот, па ВМРО-ДПМНЕ ќе седне на таа лидерска средба, па ќе зборуваме за нешто што е веќе познато и константа во јавноста, тогаш се лаже, бидејќи ставот на ВМРО-ДПМНЕ јавноста го знае, тој е непроменлив, константен дека под овие околности промена на Уставот нема, рече на новинарско прашање Мицкоски по посетат на населено место Мралино, Илинден