ОВОЈ НЕ Е СО СИТЕ : На денешната прес конференција, претседателот на Србија, Александар Вучиќ го нападна премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев, бил близок и голем пријател со српската опозиција?!

0
3294

– Личниот пријател на лидерите на српската опозиција Џилас и Јеремиќ, македонскиот премиер Зоран Заев го осуди екс министерот на МВР, Чавков на 18 години затвор што пушти насилници во македонскиот парламент. Тој упад западните амбасадори го осудија, но за вчерашниот упад во РТС сите молчат. Треба ли сега и ние да го затвориме нашиот министер што им дозволи на протестантите да влезат во РТС?

Продолжува опседнатоста и паранојата на Вучиќ кон нашиот премиер, параноја која трае веќе еден месец во кој Белград цело време покажува со прст кон Скопје дека ние сме му правеле пуч на Вучиќ? Ние сме толку неспособни што не знаеме сами да се оправиме, а камо ли пак да правиме пуч на една моќна Србија која седи на два столи, намигнува и кон Москва и кон Брисел и е десет пати помоќна од нас и во луѓе, и во финансии и во армија и во геоположба и во тајни служби и во дипломатија и во територија и во медиуми и во све?!

Со што ќе му правиме пуч и за што?! И ако тезата е дека Америка го руши од Скопје, зашто баш од Скопје? Зошто не од Приштина, Тирана, Подгорица, Загреб, Софија, зашто баш од Скопје, што сме ние различни од сите наши соседи, па тие се 10 пати поблиски со Америка, некои се и веќе членки на ЕУ и НАТО?!?! На Косово се наоѓа најголемата американска база во Европа, од каде сега оваа опседнатост со Скопје?!

Што им е на Србиве, кој им е курац?!

Туку изгледа обратно е, Македонија е најслаба па удри по неа, кој стигне не лупа, Белград се плаши да почне дипломатска војна со моќните Албанија, Хрватска, Бугарија, Романија, со Косово веќе се доволно закрвени, па ај удри по браќата во Македонија, они ќе ни простат заради цицките на Цеца?!