ОВОЈ Е ПЕЧЕН ЗА ТЕШКА ПРИЈАВА ПОРАДИ ШИРЕЊЕ НА ЛАЖНИ ВЕСТИ И ПУМПАЊЕ БРОЈКА НА ЗАРАЗЕНИ ОД КОВИД19 – Николов од ВМРО-ДПМНЕ : Меѓу оние што викендов го напуштија Скопје има меѓу 4 и 8 илјади позитивни

0
1078

Ако има тестирање на оние што викендов го напуштија Скопје, ќе има меѓу 4 и 8 илјади позитивни, изјави членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Игор Николов на Канал 5.

-Скопје го напуштија околу 20 илјади автомобили. Доколку епидемиолозите пресметаат претпоставувам по четири лица во автомобил, значи Скопје го напуштиле околу 80 илјади лица. Значи ако има тестирање меѓу нив би имале позитивни меѓу 4 и 8 илјади лица без симптоми кои се шетаат и го расејуваат вирусот. Би биле толку зошто во просек од тестираните имаме од 5 до 10 проценти новоинфицирани – рече Николов.

Според него, потребно е да се направи визуелзиација на вирусот.

-На пример. Го знаеме кластерот од СДСМ. Треба да се има податок и за сите останати кои се инфицирани и ќе знаеме каде точно е лоциран вирусот. Ако може да ги визуелизираме кластерите зошто ја блокираме државата. Контрадикторно е како што вели Филипче поради кластер од 15 семејства да се блокира државата. Наместо да чекаме, треба да го нападнеме невидливиот непријател кој го уништува нашето здравје и нашата економија – рече Николов.