ОВОЈ ДЕФИНИТИВНО НЕ Е НОРМАЛЕН, ОТКАКО ЈА УНИШТИ ЗЕМЈАТА СЕГА ЌЕ ЈА ОПРАВАЛ СО СТРОГИ РОКОВИ?!?! Груевски ветува имплементација на препораките на ЕУ, усвоен посебен план!

0
1257

gruevski9-540x296

Владата на седница усвои План за нови реформи за европската интеграција фокусиран на унапредување на владеење на правото, слободите, изборното законодавство, борбата со криминалот и корупцијата со конкретни мерки и рокови, носители на проекти и цели кои треба да се исполнат, објави денеска на својот Фејсбук профил премиерот Никола Груевски.

– Дејствуваме за потребите и интересите на сите граѓани, за достигнување и унапредување на европските стандарди и почеток на заслужените преговори за членство во ЕУ. На вчерашната седница усвоивме План за нови реформи за европската интеграција. Покрај постоечките реформи кои континуирано ги спроведуваме, ова е нов обемен и амбициозен план за кој верувам дека ќе овозможи дополнителен напредок. План базиран на нашите разговори со ЕУ и препораките на европските институции и експерти, фокусиран на унапредување на владеење на правото, слободите, изборното законодавство, борбата со криминалот и корупцијата. Прецизно, со конкретни мерки, рокови, носители на проекти и цели кои треба да се исполнат. Ангажман на цела Влада и ангажман на посебен тим на министри кои неделно ќе се среќаваат неколкупати со цел да ги подготвуваат и реализираат евро-реформите, напиша премиерот Груевски.

Македонија, посочува тој, има сила, местото на Македонија е во Европската Унија.

Ветувањето на Груевски доаѓа по потпишувањето на договорот од 2 јуни и анексот од 19 јуни со кој се согласи со спроведување на препораките на Европската комисија, содржани во експертскиот извештај подготвен од тим експерти, предводен од пензионираниот директор во ЕК, Рајнхард Прибе.

Во овој извештај се потврдуваат наодите кои произлегоа и од опозициските „бомби“, за целосната поклопеност на владејачката партија врз државата – во судството, обвинителството, администрацијата, медиумите… а во самиот извештај беше потврдено дека прислушкувањето го вршела УБК за потребите на власта, и уште еднаш беше побарана и истрага за содржината на снимките, која, како што пишува во извештајот, „упатува на индикации на незаконски активности и злоупотреба на моќта од страна на вискои владини службеници.

Еве што се стои во извештајот, во врска со прекршувањата кои произлегуваат од содржината на снимките:

  • прекршење на основните права на засегнатите поединци
  • сериозна повреда на законодавството за заштита на личните податоци
  • прекршување на Конвенцијата за дипломатските односи од 1961 година (Виенската конвенција) имајќи предвид дека дипломатите истотака биле нелегално прислушувани
  • очигледна директна вмешаност на високи владини и партиски функционери во нелегални активности вклучително и изборни измами[7], корупција[8], злоупотреба на власт и овластување[9], конфликт на интереси, уцени, изнудување[10] (притисок врз вработени во јавниот сектор да гласаат за одредена партија со закана за нивно отпуштање) кривично дело[11], тешки прекршувања на процедурите за јавни набавки со цел добивање на недозволен профит[12], непотизам и протекции[13]
  • индикации за непрофатливо политичко мешање во номинацијата/назначувањето на судии[14], како и мешањето во други наводно независни институции заради лична или партиска корист[15]