Овие сите се удрени со мокра чорапа: Јанакиески во снимките беше наречен „копиле“, но го чувстувал Ставрески како дел од семејството

0
1089

stavrevski janakievski

Зоран Ставрески покрај тоа што ми е колега го чувствувам како многу близок пријател како дел од моето семејство, рече министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески во одговор на прашање  за коментар за вчерашните прислушувани разговори во кои неговото име беше посочено во негативна конотација.

– Односите и понатаму ни се одлични. Тој е еден од моите подобри соработници со кого дискутираме буквално за сите проекти и изнаоѓаме средства да ги реализираме, рече Јанкиески по поставувањто камен темелник за изградба на приклучни рампи на клучката  кај Смилковци на северната обиколница на Скопје.

За „бомбите“ на Заев рече дека се работи за класично монтиран случај во соработка со странски служби.

Ве потсетуваме на вчерашните снимки и еден од транскриптите каде се споменува токму Јанакиески.

П.С. Уште едно потсетување до министерот Јанакиевски, ако толку му е грижа за семејството да се погрижи за својот полу брат Мите кој патем е еден од најдобрите фотографи, со признание од Лондон како најдобар фотограф во Европа а страда за ЛЕБ! А за Јанакиевски многу гајле да не бери, има тој сермија и куќа во САД.