ОВИЕ СЕ НАЈГОЛЕМАТА БОЖЈА КАЗНА ЗА ЗЕМЈАВА – ВМРО-ДПМНЕ РАЗМИСЛУВА ДА ПРАВИ ОСУМ ПРАТЕНИЧКИ ГРУПИ ПОРАДИ ПРЕДИЗВИКУВАЊЕ НА ПОГОЛЕМ ЗАСТОЈ ВО СОБРАНИЕТО

0
1167

ВМРО-ДПМНЕ најавувава формирање на осум посебни пратенички групи за правење на уште поголем застој во Собранието со влегувањето на законот за дигитални учебници во законодавниот дом. И онака тенкото парламентарно мнозинство и одлуката на ВМРО-ДПМНЕ да не прави кворум го прават парламентот нефункционален.. Овие се најголема божја казна за земјава, господ не казнил со формирање на ВМРО ДПМНЕ, најголемите штеточини што ги родила оваа земја!

Во една пратеничка група, според собранискиот деловник, може да има најмалку пет пратеници, а ВМРО-ДПМНЕ пред четири години ја искористи оваа можност да формира десет пратенички групи.

„Целокупниот однос на владејачкото мнозинство во Собранието и злоупотребата и различното толкување на деловникот не тера да размислуваме на сите можности. Законот кој би требало да дојде во Собранието за дигиталните учебници е едно, но да потсетам дека во Собранието имаше обид да помине и Законот за разузнавање со европско знаменце кој што нема никаква допирна точка со европското законодавство“, вели за Радио Слободна Европа координаторот на пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски.

Според собранискиот деловник, секоја пратеничка група може да бара пауза од еден час дневно. Тоа значи дека осум координатори би добиле по еден час пауза. Потоа на координација кај собранискиот претседател би оделе сите осум, а ќе добијат и повеќе време за говорење.