На денешната седница за пратенички прашања пратеникот од Левица, Борислав Крмов го праша премиерот Ковачевски дали додека тој поставува прашање, премиерот грицка семки.
-Што правите во моментов, семки грицкате? Да не ве деконцентрирам, му рече Крмов на Ковачевски.
Крмов реагираше до заменик-претседателот на Собранието Горан Мисовски да го опомене премиерот за недоличното однесување, но Мисовски рече дека на Крмов најверојатно му се причинува.