ОВА ЌЕ БИДЕ ГОЛЕМА СРАМОТА ДОКОЛКУ ДРЖАВАТА НЕ ИМ ПОМОГНЕ НА ОВИЕ ХЕРОИ – МАКЕДОНСКИ АПСУРДИ : МАКЕДОНСКИ БРАНИТЕЛ ДОБИЛ 7.000 ЕВРА ОШТЕТА СЕГА ИЗВРШИТЕЛИ МУ БАРААТ ДА ВРАТИ 23.000 ЕВРА НАЗАД

0
1452

Димче Манчов, како припадник на специјалната единица „Шкорпиони“ за време на конфликтот, на 3 мај 2001 во Ваксинце, на денот кога започнаа воените дејствија, бил повреден во напад. Станува збор за нападот во кој загинаа неговите колеги Димитар Двојаковски и Влатко Петров, додека Горан Митровски беше заробен и 20 дена беше држен во заробеништво.

Врз основа на тој настан, Манчов во 2003 поднел тужба со која од државата барал отштета за телесните повредни и претрпениот страв. Судот му доделил 7.000 евра. Меѓутоа, на пресудата се жалело Министерството за внатрешни работи и на крај по неколку години Врховниот суд ја поништило причината поради која ја добил оштетата и на Манчов му било пресудено да го врати земениот износ на име оштета.

-Веќе враќам. Сега треба да вратам 23.000 евра и секој месец враќам по 150 евра. Со ова темпо ќе враќам уште пет години во пензија, изјави Манчов.

Овој некогашен специјалец заедно со уште тројца свои колеги останале и без здравје и без пари. Не само што ја враќаат оштетата, туку се принудени да издвојуваат тројно повеќе пари и за каматите.

На овој административен апсурд денеска алармираше партијата Достоинство. Лидерот Стојанче Ангелов кажа дека покрај Манчов, во истата ситуација се и Сашо Величковски, капетан во АРМ, Зоран Ангеловски од МВР и Марјан Ангеловски, припадник на граничната полиција. Сите како тешко ранети и покренале тужби и добиле справедлив надомест за штета, но сега се принудени парите со камати да и’ ги вратат на државата.

Сашо Величковски бил ранет1999 во Танушевци – Кодра Фура. Сепак, иако претходно ранет учествувал и во конфликтот во 2001 година, кога настрадал од мина. Му биле извадени извадени 40 шрапнели, но во неговото тело останале уште 100 шрапнели, а му биле скинати четири прсти на нозе и еден на раката. Величковски земал 20.000 евра оштета, но сега секој месец враќа по 9000 денари од пензијата. Има двајца студенти и како што вели дополнително работи што било да им го овозможи студирањето.

Зоран Ангеловски како полицаец во полициската станица „Чаир“ настрадал на 15 септември 2004 година од криминална група во Чаир, кога биле повредени сите тројца полицајци во возилото.

Добил оштета, но сега како и другите свои колеги, ја враќа. Извршителите му ја блокрале сметката и најавиле дека ќе му биде стопирана целта пензија поради опасност од целосно застарување на предметот до целосно исплата.

Стојанче Ангелов во име на сите побара да се реализира политичката воља искажана од поранешниот премиер Зоран Заев и ресорните министри Оливер Спасовски и Радмила Шекеринска, кои дале согласност, по што е поднесена иницијатива, со која Владата ќе донесе одлука да ги стопира одлуките и им се бара враќање на парите на бранителите.

Ангелов најави и поднесување на законска измена, за која ќе бара поддржа од Христијан Мицкоски и Димитар Ковачевски.

-Иницијативата е веќе поднесена до Владата, но е заглавена во административни лавиринти. И покрај силната волја на премиерот и министрите, одлуката заглави во правните лавиринти во Владата и иако ги обезбедивме позитивните мислења, сепак на седница на генералниот секретаријат оваа точка не помина. Од страна на ДУИ немаше никакви опструкции, напротив имавме поддршка оваа иницијатива да пројде пред се заради хуманата димензија. Иницијативата потоа ја обвновив уште еднаш ја поднесовме, но немаме одговор до денес. Вистинско време е Владата сериозно да ја разгледа новата иницијатива и истата да биде донесена, рече Ангелов.

На денешната прес конференција, Достоинство потсети на уште еден проблем со обештетувањето на повредените и семејствата на загинатите од конфликтот во 2001 година. Тие со години бараат надоместување на загубеното. Се работи за 14 воени инвалиди и нивни семејства, кои се’ уште чекаат, иако во меѓувреме беа решени барањата на повредените и семејствата од настаните од Диво Насеље.