ОВА САМО ГЕРО ГО МОЖЕ : Прво се пофали дека нема да ги коментира владините назначувања и тоа го продаде како големо новинарство, за потоа да го нарече Зиков лигава крастава жаба!

0
1958

Многу луѓе ме прашуваат што мислам за кадровските решенија во Владата и кога ќе ги коментирам. Па еве, ќе се потрудам да одговорам на предизвикот.

Пред сè, како што ветив и јавно, по истекот на стоте дена молк, ќе ги прокоментирам првите потези на Владата на Зоран Заев. Дотогаш, ќе си стојам на зборот. Молкот не се однесува на парламентот, на владејачката партија и на јавните личности што настапуваат во нејзино име. И секако, молкот не ме обврзува да не ги повикам моите читатели и сите што се изборивме за промени, на локалните избори да ја потврдиме ориентацијата за реформи и за подобра иднина за Македонија.

Иако некои недоветни типчиња често умеат да кажат дека сум имал амбиции да бидам „главен кадровик во СДСМ“, тоа, едноставно, не е точно. На челниците на СДСМ тоа им е јасно. Но, за да биде појасно, ќе посочам на три принципиелни причини, кои ме одвраќаат од помислата сега да ги коментирам кадровските решенија на Владата.

Прво, секој лидер на еден тим, во која било област, мора да има право самиот да ги избере членовите на тимот. Во спротивно, доколку од кои било причини му ги врземе рацете, ние нема да имаме право утре да го повикаме на одговорност ако згреши, а тој нема да го има задоволството да ја понесе славата, ако потрефи. Во редакцијата со која раководам, јас самиот го избирам својот тим. Да, понекогаш правам и компромиси и грешки, но тоа се мои одлуки.

Второ, иако имам мислење за дел од ликовите чие именување предизвика бура од контроверзни коментари во јавноста, трпеливо ќе почекам сите заедно да видиме што ќе покажат тие луѓе и што ќе сработат. Знам дека тоа личи на опортунизам, но останувам со таквата намера.

И трето, кога би коментирал, би бил изложен на ризикот јавноста да се забавува со утврдување на моите лични мотиви (како во случајот со неколку ликови што се пењават по Фејсбукот, огорчени што самите не си нашле место во владата). Да, тие што делат места знаат дека јас немам никакви амбиции надвор од мојата професија, но за мене е важно што мислат и моите читатели.

Затоа, засега ќе бидам трпелив и молчалив. Ќе се надевам некои луѓе пријатно да ме изненадат. Секоја жаба, колку и да е лигава, има право извесно време да се надева дека ќе стане принц, кога веќе успеала да најде некој да ја бакне. Во приказните и тоа се случува.

Колумната на Бранко Героски е објавена на порталот ПлусИнфо