ОВА ЗА ВРЕМЕ ВМРОВЦИ НИКОГАШ НЕ СЕ СЛУЧИЛО : Кривична пријава и суспензија за полицаецот кој тепаше Роми во Битола

0
782

Како реакција на септемврискиот случај на полициска бруталност врз Роми од Битола, побаравме најстрога дисциплинска одговорност за инволвираните полицајци и покренување на кривична постапка. По спроведената истрага, Одделот за внатрешна контрола на 25 септември 2020 нè извести дека поднел кривична пријава против полицискиот службеник Г.П. поради сомнение за сторено кривично дело „Малтретирање во вршење на службата“.

Како што се наведува во дописот, кој Одделот го испрати до Хелсиншкиот комитет, полицаецот бил физички нападнат, за што до ОЈО Битола ќе биде доставен соодветен поднесок. Но, полицискиот службеник во преземањето на службените дејствија, по престанувањето на причините за понатамошна употреба на физичка сила, ги пречекорил границите на своето службено овластување и продолжил со употреба на физичка сила врз оштетениот додека тој лежел на земја (додека не давал физички отпор) и со тоа го понижил неговото човечко достоинство и човековата личност. Внатрешна контрола исто така предложила и суспензија од работното место.

Во однос на полицискиот службеник, кој пасивно го набљудувал случајот и не презел дејствија за да го спречи, Внатрешната контрола предложила постапка за дисциплинска одговорност за потешко кршење на работниот ред и дисциплина и иницирање постапка за суспензија од работното место. За останатите полициски службеници на местото на настанот, на непосредниот раководител на организациската единица во која работат, му било предложено да им укаже на нивното несоодветно однесување и извршување на работните задачи, но и на можноста за дисциплинска одговорност, доколку не го подобрат своето работење.

За жал, брзата реакција на контролните механизми на МВР во овој случај, не значеше и крај на непрофесионалното однесување на полициски службеници во Битола кон припадниците на ромската заедница. Напротив, неполн месец по овој настан, се појави нов случај со индикации за полициска бруталност врз повозрасна Ромка и нејзиниот син, со елементи на реваншизам од страна на полицајците. Го охрабруваме МВР да продолжи со санкции кон своите непрофесионални припадници, но и да работи на спречување на расното профилирање и бруталниот однос кон маргинализираните во нашето општество.