Ова е траги-комедија, неверојатни токмаци: ВМРО-ДПМНЕ мисли дека Шалом е шеф на Мосад, а не вицепремиер и министер за внатрешни работи

0
1313

Izrael-Zaev-Shalom-640x320

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ денеска преку соопштение реагираше за посетата на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на Израел, пишува „Либертас“.

Тие ја искористија реакцијата на вицепремиерот и министер за внатрешни работи на Израел, Силван Шалом за средбата која ја имаше со Заев.

Сепак, на крајот на соопштението ВМРО-ДПМНЕ открива дека воопшто и не знае за кого се работи.

„Ако не веруваат на официјалниот став на шефот на МОСАД пренесен од амбасадорот на Израел во Македонија и ако за нив официјалниот став на Тел-Авив е „нарачана манипулација“ од ВМРО-ДПМНЕ, во СДСМ нека ја пуштат и нека ја слушнат изјавата на Силван Шалом кој јасно кажа дека не навлегува во внатрешните политички прашања во Македонија“, стои во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

Сепак, со само едно обично интернет пребарување од владејачката партија можеле да ја пронајдат страницата на израелската влада каде Шалом е јасно наведен како министер за внатрешни работи, а не како шеф на МОСАД. Можеле и да ја пронајдат неговата страница на Википедија каде ги има истите податоци.

Повеќе ОВДЕ