ОВА Е СУДИЈАТА КОЈ ДОЗВОЛИ СЛУЧАЈОТ ТРАЕКТОРИЈА НА ГРУЕВСКИ ДА ЗАСТАРИ : ГОРАН СВАРОВСКИ БОШЕВСКИ!

0
2233

Судијата Горан Бошевски е претседателот на судечкиот совет во Кривичниот суд, кој дозволи со закажани во просек по две рочишта месечно да застари делото за поранешниот премиер Никола Груевски. Заедно со него во советот е и судијката Џенета Беготвиќ, пишува а1он.

За споредба, во предметот за 27 април, судењето заврши за седум месеци за 16 од 33 обвинети со првостепена пресуда која ја донесе судијката Добрила Кацарска. Истата судијка ги заврши предметите „Тенк“ и „Триста“, за кој откако Апелација ѝ го врати предметот на повторно одлучување, таа повторно донесе пресуда.

Сега обвинителката Лиле Стефанова за застарувањето на делото за Груевски може да се жали до Апелација оти на Груевски му застарело делото, но жалбата е беспредметна. За поранешниот премиер не е донесена одбивателна пресуда, туку решение за запирање на постапката, а државата треба да му ги плати адвокатите.

Судијата Бошевски редовно ги игнорира сите одобренија за снимање за медиумите, кои се издадени од претседателот на Врховниот суд. Тој повторно одлучува за веќе одлучена работа од највисокиот суд. Ова е единствен предмет на СЈО за кој медиумите немаат инсерти од судницата.

Повеќе за ова на следниот линк ОВДЕ