ОВА Е ПРИЧИНАТА ЗОШТО ОЛИГАРСИТЕ НА ГРУЕВСКИ ВЕЌЕ ПРАВАТ КАПИТАЛ ВО РУСИЈА И БУГАРИЈА : ДУИ и СДСМ се поблиску до влада, во ДУИ веќе се разговара за финеси и за финалните компромиси околу потенцијални министри во заедничката влада!

0
2507

ДУИ сериозно ја сфати дискусијата за давањето на потписите на нејзините пратеници за СДСМ. Алсат-M од извори во ДУИ дознава дека се дискутира за модалитетите како тоа да се направи и според нашите информации, единствена гаранција што се бара е СДСМ да ја исполни заедничката платформа на Албанците.

Особено се инсистира Заев да поддржи нов закон за употреба на албанскиот јазик. Таквите модалитети се барале на долгиот состанок во ДУИ кој траел синоќа до полноќ, но и на новите состаноци денеска меѓу потпретседателите на ДУИ кои се членови на работната група на партијата за разговори со СДСМ.

Лидерот на ДУИ Али Ахмети денеска откри дека неговата партија нема да брза при донесувањето на одлуката. Потврди дека за документот на СДСМ веќе имал средба и со претседателот на ДР-ДПА Зијадин Села.

„Се анализираат сите работи. Мислам дека во иднина ќе има конкретен одговор. Ова се прашања кои се разговараат во рамките на партијата, но јас ве уверувам дека таму не се произведуваат атомски бомби. Се разбира дека се дискутира за важни прашања во врска со политичкиот и правниот статус на Албанците во Македонија. Ние зборуваме и со другите политички партии затоа што треба да формираме заедничко мислење. Со господинот Села се сретнав и разменивме мислења.“ – изјави Али Ахмети, претседател на ДУИ

Се дискутира и форматот на новиот закон за употреба на албанскиот јазик, кој треба да биде не само во согласност со Уставот, туку и во интерес на Албанците. Имено, се инсистира промена на формулацијата „јазикот што го користи најмалку 20% од населението“ во насока на нејзина промена со формулација каде недвосмислено ќе биде наведено дека станува збор за албанскиот јазик.

Друга важна точка е зборувањето на албанскиот јазик во институциите, а тоа да се преслика и во пишана форма. Во Собранието и покрај тоа што пратениците Албанци во моментов добиваат преводи на одредени закони, тие никогаш не се пропратени со печат и потпис како и во македонската верзија. Во владата пак, албанскиот јазик актуелно ниту се зборува, ниту се пишува. Алсат дознава дека овие посебни забелешки покренати на синоќешниот состанокот меѓу Ахмети и Села денеска биле ставени на поширока дебата на ниво на уставни експерти, ангажирани во согласност на двете страни.

Кога евентуално прашањето за албанскиот јазик двете страни во разговорите би го прифатиле, односно ДУИ и ДР-ДПА од една и СДСМ од другата страна, тогаш ДУИ би го свикала своето раководство за да се донесе одлука околу потписите. По оваа фаза, како што дознава Алсат М, би продолжиле разговорите со СДСМ во врска со министерствата и предлог-имињата за разните владини функции. Потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски, денеска рече дека нема време за губење и оти неговата партија очекува писмена потврда од ДУИ.

Во случај ДУИ да му ги даде потписите на СДСМ, тогаш партијата на Заев би требало да го добие мандатот, а двете страни би ги почнале уставните 20 дена за договарање на другите прашања.