Ова бркато РЕЖИМСКО ПУВАЛО и поттрчко на фамилијата ќе го јади, започна постапката за Марко Зврлевски

0
2123

Владата на Република Македонија на денешната седница одлучи да иницира постапка за разрешување на јавниот обвинител на Република Македонија, Марко Зврлевски.

Предлогот за разрешување на републичкиот Јавен обвинител поради незаконско и ненавремено извршување на функцијата, согласно законските одредби, да го достави до Советот на јавни обвинители на Република Македонија и да побара мислење.

На денешната владина седница разрешен е досегашниот директор на Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија, Васе Доневски.

raskovski

Генералниот секретар на Владата, Рашковски, и премиерот Заев

За нов директор на Службата за општи и заеднички работи при Владата на Република Македонија, е именуван Пеце Мирчески, кој досега беше претседател на Комисијата за животна средина и просторно планирање на СДСМ.

На седницата на Владата се разгледани првичните информации за последиците од невремето во тетовско, поради излевањето на Поројска река и се задолжени повеќе надлежни министерства за брзо формирање комисија која што ќе излезе на  терен за брзо утврдување на настанатите штети. Истовремено дадено е задолжение на министерствата за транспорт и врски и за животна средина да изготват подетална информација за теренската состојба околу Поројска река, со цел трајно решавање на проблемот за жителите од овој реон.