ОВАА ЗЕЛКА Е ГЛАВЕН ИДЕОЛОГ ВО ВМРО ДПМНЕ – Чилиманов: ЕУ нема да ја прими Македонија затоа што е 30 отсто муслиманска?!

0
1562

Новинарот Цветин Чилиманов ги изнесува причините поради кои смета дека Македонија може и да не добие датум за почеток на преговори со ЕУ. Според него, вистинските причини не лежат во неспроведените реформи или неефикасните институции, туку во тоа што голем дел од популацијата е од муслиманска вероисповед. Тој ги прашува Албанците дали ќе сменат вера за ЕУ, како што Македонија е подготвена да го смени името.

„Формалната причина што Турција не можеше да отвори преговори со ЕУ толку долго време беше тоа што Кипар бараше Турција да го признае островот како обединета независна држава во документи на ЕУ, брои што Турција секако не можеше да го направи. Ова беше формалната причина. Реалната причина, секако, беше тоа што Турците се муслимани. Франција, Германија, Холандија беа супер-среќни што Кипар ја блокираше Турција – ем Турците не влегуваат во ЕУ, ем властите на овие земји може да кажат дека не се расисти/исламофоби.

Во Македонија, албанските партии на глава ми се качија дека поради нас Македонците и нашето тврдоглави одбивање да го смениме името, они не можеле да влезат во ЕУ. Еве сега, под Заев, Македонија е отворена пет прсти, спремна да прими што и да е, само да влеземе во ЕУ. И пак, Германија, Франција, Холандија, Данска.. излегуваат со нон-пејпер, дека не сме биле ЕУ материјал, бидејќи корупција, криминал, тоталитаризам.. А реално, дечки, ЕУ нема да прими земја што е 30 посто муслиманска. Уште помалку Албанија, која е 60 посто муслиманска. Посебно не ЕУ во која гледаме како се гласа во Италија, Франција, Холандија, Австрија.. Така да, еве, браќа Албанци, ние толку долго бевме притискани да преговараме за личниот идентитет – прашање што никој не би прифатил да го стави на маса. Еве, под Заев очигледно сме тргнале да го менуваме името. Вие ќе ја менувате верата за да влеземе во ЕУ?“, пишува Чилиманов.

Овој копук својата омраза кон Муслиманите им ја припишува на ЕУ земјите… Секако дека во ЕУ има фашистички партии, но тој знае ли дека градоначалникот на Лондон е муслиман?!

Во Европа сепак мејнстрим партиите немаат никаков проблем со исламот, особено не пак со Албанците кои се најголеми сојузници на Германија во регионот, партнерство кое датира уште од втората светска војна кога Албанија и Босна биле заедно со Германците и Италијанците.