ОВАА ВЛАДА ИМА ГОЛЕМО СРЦЕ ДА ПОМАГА НА СИТЕ : Заев и Битиќи се сретнаа со оштетени граѓани од Еуростандард банка

0
881
Премиерот Зоран Заев, придружуван од Фатмир Битиќи, заменик на претседателот на Владата за економски прашања, денеска се сретна со претставници на Иницијативниот одбор за формирање здружение на оштетени граѓани од „Еуростандард банка“.

На состанокот, како што соопшти владината прес-служба, се споделени некои од проблемите со коишто се соочуваат оштетените граѓани, физички и правни лица, по пропаѓањето на „Еуростандард банка“ и се слушнати предлозите од Иницијативниот одбор, за можни решенија.

Премиерот Заев најави дека предлозите ќе бидат разгледани од страна на институциите и дека претставниците на Иницијативниот одбор ќе добијат повратна информација.

На состанокот, како што е наведено во соопштението, е поздравена отвореноста на премиерот Заев и на Владата за средба, со цел разгледување на проблемот и можните решенија.