ОБИДОТ ЗА ПРЕВРАТ НА БИХАЧКА ПРОПАДНА, БРАНКО ПОСРАМЕН: ЦЕЛ СДСМ ЗАСТАНА ЗАД ЗОРАН ЗАЕВ!!!

0
5121

Дарко Каевски

Сега е потребно уште поголемо обединување за да ги оствариме до крај нашите европски аспирации, ги поставивме нашите црвени линии за идентитетот и јазикот и од тоа отстапки нема. Мора да бидеме трпеливи и да ја завршиме оваа работа на начин на кој што сите ќе бидеме задоволни, нека победи мудроста како што беше и до сега!

Оливер Спасовски

Секој има право на свое мислење и став, но граѓаните и СДСМ одамна избраа иднина.

Мухамед Зекири

Секој има право на свое мислење и став, дури и кога доаѓа после години молк. Но граѓаните и СДСМ, одамна и на време избраа европска иднина. Избраа да носат храбри и патриотски одлуки, кои конечно и практично ја движат македонската држава и целиот наш македонски народ кон исполнување на стратешките цели НАТО и ЕУ. Денеска резултатите на политиките на СДСМ и на Владата предводена од СДСМ се видливи на дело, а не само на зборови.

Љупчо Николивски

Искажаните ставови на претседателот на партијата и премиер, Зоран Заев, се ставови на СДСМ. Овие ставови се изградени во рамки на партијата и нејзините органи, овие ставови се државни ставови и државни позиции, врз основа на довербата на граѓаните на последните избори.

Венко Филипче

Премиерот Зоран Заев во изминатите три години донесе низа тешки, но целосно исправни одлуки со кои ја обезбедивме иднината за нашата земја. Тоа што тој и тимот го постигнаа во сите досегашни преговори, како и напредокот кој го направивме во ЕУ интеграциите се за најголема почит. Мора да продолжиме по овој пат и мудро да градиме пријателства штитјеќи ги нашите интереси и напредувајќи кон Европската унија.

Радмила Шеќеринска

Став на партијата, на Владата, на претседателот Заев, но и државна позиција е дека македонската иднина е во Европската Унија, дека Македонците со својот македонски јазик чекорат напред кон Европа, кон просперитет и кон пријателство со сите соседи.

Благој Бочварски

Јас не познавам друг човек кој работи со толку многу енергија за својот народ, со многу трпение и со огромна желба да успееме, да нè биде, конечно да стигнеме таму каде што се бореле и работеле генерации и генерации наназад.