Обвинителството забрани објавување материјали од случајот „Пуч“, ќе отстранува видеа од Јутјуб

0
1373

„Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, согласно своите овластувања ќе изврши проверки во врска со фактите и околностите под кои материјалите од средбата помеѓу Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски и лидерот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија Зоран Заев, дошле до медиумите“, стои во денешното соопштение на Јавното обвинителство.

zvrlevski1

„Јавното обвинителство на Република Македонија цени дека е неопходно да нагласи дека објавувањето на материјали кои што може да станат предмет на натамошната кривична постапка е забрането и казниво со Закон.

Затоа, предупредуваме веднаш да запре објавувањето и емитувањето на ваквите материјали.
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција упати Барање до МВР на РМ да стапи во контакт со мрежата на која што беше објавен материјалот за негово отстранување како и отстранување на сите слични материјали кои би се појавиле во иднина“, велат од Обвинителството.

Во соопштението од таму, нема објаснување дали видеото е обезбедено со примена на посебни истражни мерки, или пак Заев е сниман незаконски.