Обвинетите од „Диво насеље“ побараа фотографии како доказ

0
1221

Доказите претставени за време на сослушувањето на денешното рочиште при распрвата за минатогодишните кумановски настани беа претставени само во писмена форма, но не и со слики и видео материјали, јави телевизија Алсат-М.

По барање од обвинетите доказите да се презентираат и со фотографии, сослушувањето денеска беше прекинато.

За разлика од претходните рочишта, овој пат ниту еден од обвинетите не се пожали за насилство за време на транспортот од затворот до судот.