НУKЛЕАРНА БОМБА НА ПОРТАЛОТ А1ОН: А1он: Осум месеци е блокирано испитувањето на потеклото на имотот на Јово Вангеловски и судиите од „бомбите“

0
1399

Проверката на имотот на овие судии е заглавена меѓу три институции осум месеци.

Антикорупционерите на колегиум со директорот на Финансискатa полиција, Арафат Муареми и обвинителката Вилма Русковска се договориле истражители да ѝ помагаат на ДКСК за испитување на имотната состојба на петтемина судии.

Но, проверката на имотот на овие судии е заглавена меѓу три институции осум месеци. Антикорупционерите на колегиум со директорот на Финансиската полиција, Арафат Муареми и обвинителката Вилма Русковска се договориле истражители да ѝ помагаат на ДКСК за испитување на имотната состојба на петтемина судии.

Но, кога требало да почне теренската работа, антикорупционерите наишле на пречка за надлежностите меѓу Финансиската полиција и Обвинителството. Известувањата за испитување на имотот на судиите од ДКСК, финансиската полиција ги препратила до Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција од каде што чекале наредба за да започнат со активности и да ги ангажираат истражителите.

Обвинителката Вилма Русковска за „А1он“ вели дека Управата за финансиска полиција може да постапува по барањата на ДКСК без посебна наредба од Обвинителството.

Директорот на УФП, Арафат Муареми, за „А1он“ рече дека неколку месеци процесот бил во застој и дека тие му се хиерархиски подредени на Обвинителството од каде што чекале насоки, но тврди дека проблемот бил надминат.

Муареми рече дека тие ќе постапуваат по иницијативата на ДКСК, а доколку се утврди дека има елементи за кривичен прогон, за тоа ќе го известат Обвинителството, кое, може врз основа на нивните дејствија да отвори истрага.

Проверката на имотот е за разрешениот претседател на Врховниот суд, Јово Вангеловски. Според извештајот на СЈО, Вангеловски споделувал клучни информации за активни случаи со политичарите за судењата.