НУКЛЕАРНА РАЗОРНА БОМБА НА НОВИНАРОТ ЛАНДОВ : Нов дел од разговорите Мицковски – Кичеец, Мијалков плаќал автобуси за митингот на ВМРО-ДПМНЕ?!

0
1377

Во новата снимка, која трае само 23 секунди, а во која се слуша нов сегмент од разговорите меѓу лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и осудениот во „Рекет“, Зоран Милески-Кичеец, се зборува за начинот на кој биле платени автобусите ангажирани за митингот пред Влада што  се одржа на втори јуни 2018 година. Според неа, Мијалков го финансирал транспортот на луѓето кои од други градови беа носени на митингот во Скопје.

Во разговорот, Мицкоски му вели на Милески-Кичеец: „Сашо никогаш не доаѓал во партија, скршен од мака. Сашо даде двапати по 5.000 евра за автобусите за втори јуни. Тоа е  донација од Сашо“, откако претходно Милески-Кичеец му раскажува: „Најди си лик, не знам, тој имал некој добар пријател, со нешто, ваму-таму, јас ќе појдам, само да не појдит Сашо никако во партија, да не влезит, тие се муабетите“.

Повеќе ќе прочитате на порталот А1он ОВДЕ