НУКЛЕАРНА БОМБА ОД ОГРОМНИ РАЗМЕНИ НА ТРЕТООБВИНЕТ ЗА ,,ДИВА НАСЕЛБА” : Гордана Јанкуловска и Сашо Мијалков се организатори на масакрот на 9 мај 2015 година!!!

0
11449

Дем Шеху, третообвинет за случајот „Дива Населба“ пред судот тврдеше дека поранешната министерка за внатрешни Гордана Јанкуловска и поранешниот прв човек на УБК Сашо Мијалков се организатори на масакрот во кумановска Дива Населба на 9 мај 2015 година.

На рочиште од судкиот процес, што се одржа вчера, и тој како и претходните обвинети пред судот се бранеше, велејќи дека целта на групата не била да предизвикуваат конфликт. Тој рече дека биле дојдени во Македонија поради незадоволството на Албанците  и поради неспроведувањето на Охридскиот рамковен договор. Шеху во својот исказ рече дека неколку припадници на групата имале врски со политичари во Македонија, но и со агенти на тајната служба со кои се среќавале 2-3 дена пред кумановските настани. Како што рече, на 3 мај тргнале кон Куманово со едно комбе, во непознато место за него. За неколку часа  разбрал дека се наоѓа во куќата на Фадил Фејзулаху, рече Шеху.

Судскиот процес за случајот „Диво насеље“ треба да продолжи на 3 март со сослушување на следниот обвинет Кенан Исени. До сега беа сослушани Сами Укшини познат како командант Соколи, Андри Красниќи, познат како командант Малишева, како дел од 37-те обвинети за случувањата на 9 и 10 мај во Дива Населба, каде беа убиени 8 припадници на полицијата и 10 од вооружената група.

Претходно, и второобвинетиот Анди Красниќи познат како командат Малишева, изјави дека за нивното доаѓање во Македонија знаеле високи партиски функционери на ДУИ. Меѓу нив ги спомна Ејуп Алити, познат како Секретар за спроведување на Охридскиот рамковен договор и Садула Дураку актуелен градоначалник на Липково.

Извор : Ако