НУКЛЕАРНА БОМБА од вицепремиерот Битиќи во „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ – Разговараме за две нови инвестиции од 300 милиони евра

0
804

Зборувајќи за интересот на компании од странство да инвестираат во Северна Македонија, заменикот на претседаетлот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи рече дека само во текот на оваа седмица, во изминатите два дена, остварил средби со две компании кои планираат инвестиции од околу 300 милиони евра.

„Од понеделникот имам состаноци за инвестиција од 300 милиони евра, односно за две, едната се заснова на стратешка инвестиција, а другата се заснова на странска инвестиција. Едната е комплекс на различни работи коишто се поврзани, двете се поврзани со металуршката индустрија, крајни производи во градежништвото. Едната е странска, другата е домашна инвестиција, но зборуваме за сума од 300 милиони евра“, откри вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, во емисијата „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ.

„Имав на гости странски инвеститор и кога зборувавме за висина на платите рекоа дека ќе вработат 60 луѓе, но со 30 % повисока плата од просечната, нам ни требаат такви инвеститори, кои ќе се приклучат кон владината политика за повисоки плати и кон заштита на секое работно место“- рече Битиќи.

На прашање дали индексот за корупција влијае на интересот на странските компании да инвестираат во нашата земја и за критиките од опозицијата дека некои од странските инвеститори ги раскинале договорите за државна помош, вицепремиерот Битиќи објасни дека станува збор за праведно и правично постапување кон договорените обврски на двете договорени страни.

„За оние странски инвеститори кои не ги исполниле обврските од потпишаните договори, ние не можеме да ги молиме да останат во државата, туку постапивме согласно договорните обврски и одлучивме да ги раскинеме договорите за државна помош. Договорите не се раскинати на барање на компаниите, туку на иницијатива на Владата, на мојот Кабинет и тоа е направено исклучиво затоа што тие компании не ги исполнија договорните обврски од нивна страна. Дел од тие компаниите, кои во дадениот рок од 2 години, не успеале да ја реалираат инвестицијата, веројатно ќе се вратат и ќе побараат нови договори, но има и други нови компании со кои разговараме за реализација на инвестиции во нашата земја“, објасни вицепремиерот Битиќи.