НУКЛЕАРНА БОМБА ОДЕКНА ДЕНЕСКА, ВМРО ТОНЕ КАКО ТИТАНИК: ОТВОРЕНА ИСТРАГА ЗА НИКОЛОВСКИ!

0
1566

Обвинителката Вилма Рускоска утрово за порталот „Скопје1“ потврдила дека отворила предистражна постапка по допрен глас за Александар Николоски кој е актуелен втор човек на ВМРО ДПМНЕ.

„Сеуште нема истрага, се врши предистражна постапка по допрен глас по што ќе се знае дали ќе има отворање на истрага. Сега имаме само предистражна постапка по допрен глас“ – изјави за „Скопје 1“ обвинителката Вилма Рускоска без да прецизира дали предистражната постапка се однесува само на перење пари или и на други дела и без да каже дали со предистражната постапка е опфатен само Николоски или има и дурги лица.

Според информациите до кои дојде „ Скопје 1“ предистражната постапка покрај Николоски ги опфаќа и еден од главните разузнавачи во кабинетот на Георге Иванов, поранешен директор на „Фондот за здравствено осигурување“ кој потоа станал директор на фарма за канабис, еден бизнисмен кој работи во градежништо, угостителство и обложување, еден поранешен кошаркар, потоа еден директор на приватна фирма со руски капитал ( познат на јавноста по закани со убиство и подметнати бомби ) се дел од истрагата која ја отпочнало Јавното обвинителство во Скопје, а на која и е дадено работно име „Пајажина“. Предистражната постапка се однесува на субверзивни активности за уривање на Преспанскиот договор и за перење пари кои доаѓале од една источна држава со светско влијание, а износите се во милиони евра.

Александар Николоски деновиве кажа дека раководството на ВМРО ДПМНЕ подолго време било следено и прислушкувано од службите. Оваа изјава беше демантирана од Наќе Чулев, а дополнителната министерка Славјанка Петровска кажа дека против Николоски е отворена истрага за „перење пари“.