Home Интервјуа НУКЛЕАРНА БОМБА НА ТОДОРОВ: Велат дека целта на Мицкоски е да го...

НУКЛЕАРНА БОМБА НА ТОДОРОВ: Велат дека целта на Мицкоски е да го уништи ВМРО-ДПМНЕ и заедно со Силјановска да преминат во Левица!

0
2675

Мицковски никогаш нема да и донесе победа на ВМРО-ДПМНЕ над СДСМ. Никогаш. Сакајте верувајте, сакате не верувајте. Да не речете после не сум ви кажал. Причината веќе на секој еден човек во државата му е јасна, Мицковски е омилениот вмровец на СДСМ, работи за интересите на СДСМ, а против интересите на ВМРО-ДПМНЕ, оценува Никола Тодоров, поранешен висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ во колумната „Мицкоски, омилениот вмровец на СДСМ“, за Дојче веле,.

-Некои велат целта му е да го уништи ВМРО-ДПМНЕ и потоа заедно со Гордана Силјановска да си преминат во Левица. Затоа и усогласено со Левица ги бојкотираат изборите во Штип. Тука, морам да напоменам дека Апасиев, лидерот на Левица е неспоредливо похаризматичен лидер од Мицковски и со далеку поголем политички потенцијал, но мислам дека сега, играјќи по нотите на Мицковски, ја направи првата поголема стратешка политичка грешка, затоа што доколку Левица учествуваше на изборите во Штип, во услови на бојкот на ВМРО, имаше добри шанси да победи или пак да капитализира доволно гласови за да може да очекува супер резултат на изборите во октомври 2021 година. Но тоа е нивен проблем“, пишува Тодоров.